Овој маж пати од истиот синдром како и Џокер: “Луѓето ве гледаат како зависник од дрога или очаен лудак”

Точка

17/10/2019

16:37

2.786

Големина на фонт

а а а

Многу гледачи на Џокер во текот на гледањето на филмот почувствуваа длабоко сожалување кон Артур Флек, ментално болен и изолиран кловн кој има напади на неконтролирано смеење.

Хоакин Феникс, според многумина, одигра одлична улога и предизвика длабоки емоции кај милиони гледачи на филмот. Но, за еден човек, филмот бил како “гледање на себеси во огледало”. 

Тој се нарекува Скот Лотан и има исто нарушување како и Џокер, наречено псевдобулбарен афект (PBA).

“Мислам дека заврши одлична работа, доловувајќи го моментот на неможноста да се престане со смеење. Онаа сцена во автобусот особено ме воодушеви, кога доживеа длабоко чувство на одбивање. Честопати, токму така се чувствувам и самиот”, изјавил Лотан за “LadBible”.


Скот објаснил и како изгледаат нападите на смеа во јавност.

“Луѓето само ве гледаат. Се обидувате да им објасните, но тие имат предрасуди дека сте зависник од дрога или само очаен лудак. Мислам дека актерот одлично го долови чувството на изолираност и фрустрациите од недостатокот на разбирање од другите”, вели тој. Лотан додава и дека сите сцени на смеење биле неописливо реални, дури и оние кога Флек се гушел од смеење.


“Гушењето произлегува од обидот да го задржите здивот. Исто така, плунката се собира во устата и додека вдишувате, таа оди во погрешната цевка. Вратот почнува да боли, отекува и ја мрдате главата како да се обидувате да ја ублажите напнатоста. Понекогаш останувате без здив”, опишал Лотан.

Тој вели и дека се редовни непријатните сцени поради неговото смеење:

“Често ме замолуваат да го напуштам ресторанот бидејќи на луѓето им станува непријатно, а секогаш се наоѓа и некоја личност со ниска самодоверба која мисли дека ѝ се смеам на неа, па се обидува да започне расправија”, вели несреќниот 47-годишен маж.



Спонзорирани линкови

Маркетинг