Пејачот се кае поради својот најголем хит бидејќи ги навредува жените: “Посакувам никогаш да не ја снимев таа песна”

Точка

17/10/2019

10:15

2.866

Големина на фонт

а а а

Пејачот Фарел Вилијамс дал интервју за магазинот “GQ” и во него се осврнал на контроверзиите кои ги предизвика неговата мегапопуларна песна “Blurred Lines”.

Фарел ја сними песната во 2013 година со колегите Робин Тике и Ти-Ај. 

Американскиот музичар, продуцент и моден дизајнер признал дека денес е свесен дека стиховите на споменатиот сингл се сексистички и шовинистички, но додава дека на почетокот воопшто не можел да сфати зошто многу слушатели ја доживуваат како своевиден повик на секс без согласност, т.е. силување.

“Кога бев млад, некои работи беа допуштени, но денес нема шанса јавноста да ги толерира... Објективизирањето на жените повеќе не проаѓа. Искрено, се срамам од некои стари стихови кои ги имам напишано и затоа повеќе не ги изведувам на концерти. Ми беше потребно многу време и личен раст за да дојдам до таа точка на размислување”, изјавил популарниот музичар во интервјуто.

Вилијамс додал и дека на почетокот не му биле јасни негативните реакции на песната бидејќи, како што вели тој, “многу жени постојано ја пееле”. Потоа сфатил дека повеќето мажи во обид да искористат жена се служат токму со јазикот и зборовите кои тој ги користел во “Blurred Lines”.

“Иако лично никогаш не сум се однесувал на тој начин, вистинското значење на тие стихови и како влијаат на жените ме “докрајчија””, рекол Фарел.

“Културата во нашата земја е шовинистичка и некои мои песни, за жал, придонеле за тоа”, заклучил пејачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг