Барселона гори: Ситуацијата е надвор од контрола, на улиците жестоки пресметки и гумени куршуми...

Точка

17/10/2019

09:07

3.344

Големина на фонт

а а а

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија на улиците на Барселона на третиот ден од протестите кои што избија после затворските казни за лидерите на каталонските сепаратисти.

Оган и полицски сирени - синоќа демонстрантите повторно се обидоа да дојдат до зградатана шпанската централна влада, обидувајќи се да ги пробијат железните бариери и судирајќи се со полицијата.

Полицијата за справување со нередите морала да употреби пенест гас, а имало и случаи на употреба на гумени куршуми. Демонстрантите меѓу другото палеле контејнери и автомобили во близина на одделението за внатрешни работи на регионалната влада во главниот град на Каталонија.


Поради огнот утринава биле блокирани најмалку четири улици во овој град. Демонстрантите претходно на мирните протести фрлале тоалет хартија, затоа што, како што рекоа организаторите - „имало многу работи што треба да се исчистат“.

Поради ваквата тензична ситуација, во Каталонија биле испратени дополнителни полициски сили, од шпанското фудбалско првенство бараат одложување на големото „Ел Класико“ дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а шпанските десничари бараат воведување на закон за вондредни ситуации.


Најголемите протести се очекуваат утре, со оглед на тоа што илјадници демонстранти од околните градови маршираат кон Барселона, а синдикатите кои што бараат независност најавија генерален штрајк.

Протестите започнаа во понеделникот откако врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни политичари и активисти на затворски казни од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување на независност на Каталонија во 2017-та година.


Поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас е осуден на 13 години затворска казна поради злоупотреба на јавните фондови за организирањето на неуставниот референдум за независност на Каталонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг