Безбедносните камери снимиле морничав момент кога автомобил влетал во ресторан за брза храна во Мароко, откако возачот ја загубил контролата над возилото поради пијанство.
Гостите мирно седеле на столчињата кога ги собрало „Hyundai“.
Масите и столиците летнале во воздух, но за среќа немало настрадани.
Биле повредени 9 лица и сите биле итно пренесени во болница. 5 од нив се пуштени на домашно лекување, а останатите се во стабилна состојба.
Возачот побегнал од местото на настанот, но полицијата вели дека им е познато лицето и дека во тек е потера по него.