Ваква гума сè уште не сте виделе - полицаецот го сопрел возачот и спречил трагедија

Точка

16/10/2019

18:22

4.868

Големина на фонт

а а а

Полицаец во англиската покраина Дербишир минатата недела запрел автомобил со кој управувал возач кој едвај ги однел своите деца во училиштето.

На полиција вимание ѝ привлекла предната десна гума на автомобилот, на која имало ни помалку ни повеќе туку 13 меури.  

Полицаецот го запрел и го испратил до најблиската гаража, каде што возачот ставил нова гума.

##https://twitter.com/TeamPPODerby/status/1178672434200887296##

„Можеби оваа акција на возачот го спасила од трошоци за поправка. Или пак од нешто полошо“ - стои во објавата на Твитер од локалната полиција.

Вакви меури можат да настанат кога гумата е празна, а исто така некогаш настануваат од внатрешната страна па се невидливи. Поради тоа гумите треба многу често да ги проверувате затоа што не треба да се споменува што може да се случи доколку гумата пукне при голема брзина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг