АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на 1ТВ

Макфакс

16/10/2019

16:04

762

Големина на фонт

а а а

1ТВ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од таму појаснуваат дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузер, вклучувајќи ја и 1ТВ, не смее да направи промена на сопственичка структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Воедно, додаваат од АВМУ, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена.

„Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ“, се наведува во соопштението.

Изминатиот период, велат од таум, имајќи ги предвид последните случувања поврзани со 1ТВ, Агенцијата започна низа активности за утврдување дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот и во дозволата за телевизиско емитување. Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, се наведува во соопштението, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг