Тејлор Хил е едно од најпрепознатливите лица во модната индустрија и воедно е дел од Викторија Сикрет, а сè што сака е да остане што поприродна.
На Инстаграм има 13 милиони следбеници, а голем дел од нив ја следат токму поради фактот што таа на фотографиите покажува како навистина изгледа, без да ги крие своите маани.
“Социјалните мрежи не го прикажуваат реалниот живот на луѓето. Сакам да го покажувам вистинското јас во сите фази од животот. Не ме интересира дали тој ден имам подочници и поради тоа поставувам фотографии кои не се обработени. Ако некој ми каже дека никогаш немал ниту една акна, ќе ви докажам дека е лажго. Сите ги имаме, зошто да се преправам дека ги немам? Кому му е гајле”, рекла Тејлор во едно интервју.
“Секој ден учам и се трудам да станам што подобра верзија од себеси. Се трудам да бидам автентична – добра, лоша, а најмногу чудна. Се надевам дека ќе им пренесам порака на младите девојки. Бидете свои и гордејте се со тоа!”, додала Хил.
“Во ред е да бидете поинакви или чудни, но пред сè мора да почитувате сè, без оглед на мислењето. Опседната сум со предимензионираните одела. Ги носам на ручек, деловен состанок или интервју, за излегување со другарките или на состанок”, изјавила манекенката и додала еден стилски совет:
“Носете дискретен накит за да ја зачините комбинацијата. Мојата коса е долга и често ја врзувам во реп, но обожувам што деведесеттите се повторно во мода бидејќи ми овозможуваат да изгледам лежерно и опуштено”.