1ТВ на Боки 13 има нов сопственик кој е целосно непознат за јавноста

Точка

16/10/2019

11:03

5.682

Големина на фонт

а а а

Богдан Дамјановски од денес е во центарот на вниманието на македонската јавност откако се легитимирал како нов сопственик на телевизијата 1ТВ.

Телевизијата која беше во сопственост на Бојан Јовановски, кој инаку се наоѓа во притвор како еден од главните осомничени во случајот „Рекет“, од денес има нов сопственик.

Станува збор за Богдан Дамјановски, кој како што открива „ИРЛ“, не ѝ беше познат на македонската јавност се до денес кога во Управата за јавни приходи се пријавил како нов сопственик на телевизијата. Дамјановски има 77 години и живее во скопската населба Кисела вода.

Инаку, во Централниот регистар сѐ уште не е направена промена на сопствеништето на компанијата која е сопственик на 1ТВ. Се проценува дека телевизијата должи повеќе од 400 илјади евра.


Како што вчера соопштија од Управата за јавни приходи, Бојан Јовановски ќе добие кривична пријава за затајување на данок, а кривична пријава ќе добијат и БМЈ Груп, компанија во чија што сопственост е телевизијата, како и Томато продукција која ги обезбеди просториите каде што работеше 1ТВ.

Кривична пријава ќе добијат и таткото на Боки 13, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг