Конте: Јувентус и Наполи и натаму се подобри од Интер

Точка

15/10/2019

16:03

1.608

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Интер ја започнаа сезоната со шест победи на шест натпревари, меѓутоа во последното коло беа поразени од Јувентус со 2:1.

Интер моментално е на второто место на табелата во Серија А со еден бод заостаток зад лидерот Јувентус и пет повеќе од Наполи, меѓутоа тренерот на „Нераѕурите“, Антонио Конте и натаму смета дека Јувентус и Наполи се подобри од миланскиот тим.

„Го кажав своето мислење на почетокот. Во споредба со нас постојат две екипи, Јувентус на врвот и Наполи кои го градат тимот повеќе години. Оваа празнина постои, но започнавме патување со работа и сериозност за со текот на времето да напредуваме и да станеме конкурентни, а со тоа да ги задоволиме навивачите“, изјави Конте и додаде:

„Знам само за една работа во Интер, а тоа е работа, тешка работа за да се обидеме да станеме херои“, изјави Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг