Тешко и прекрасно во исто време: Во екот на совршени лица на Инстаграм, тие покажале како изгледа “сировата” и вистинска женска убавина

Точка

14/10/2019

15:46

1.446

Големина на фонт

а а а

Одлуката на секоја жена да ги покаже своите несовршености во ера кога совршено “испегланите” фотографии се на секој чекор е за вистинско воодушевување и почит.

Тие претставуваат пример и инспирација дека понекогаш наједноставно и најдобро е да ги прифатите своите маани. 

Софи Харис Тејлор решила токму на таквите жени да им го посвети својот проект наречен “Epidermis”. Оваа уметница пред својот објектив ставила 20 жени кои патат од различни облици на кожно заболување и кои решиле да го покажат тоа без никакво колебање. Сите заедно на овој начин во прв план ја ставаат “сировата” и вистинска женска убавина.

“Што денес е “нормално”, дефинираат фотографиите кои ги гледаме околу себе, а кои нас често нè наведуваат да веруваме дека сите жени имаат идеална, здрава и убава кожа, што е далеку од вистината – многу имаат акни, розацеа, егзема или хиперпигментација, а жените се навикнати да ја кријат кожата на лицето со тешка шминка”, објаснила Софи за “Glamour” и додала:

“Нереално е да мислиме дека сите сме совршени, без маани или барем без помали физички неправилности. За среќа, сè поголем број на познати личности сакаат на овој начин да ги славиме своите тела и лица – со сите неправилности кои ги поседуваме и кои нè прават посебни. Влијанието на движењето “Body Positivity” постојано расте, па со тоа се менува и начинот на кој ги гледаме медиумите денес, како и на тоа како реагираме на различноститe”.

Оваа фотографка раскажала дека и самата патела од проблеми со акни и дека знае колку лесно може да се изгуби самодовербата поради тоа, особено кога сте опкружени со луѓе со привидно совршен тен.

Секоја од нејзините фотографии е објавена со краток, интимен запис од жената која се наоѓа на фотографијата, а во продолжение ви претставуваме дел од фотографиите:



Спонзорирани линкови

Маркетинг