Ова ги помина сите граници: Објавено е видео на кое Трамп ги убива своите противници во црква

Точка

14/10/2019

11:25

1.435

Големина на фонт

а а а

Лажното видео кое што го прикажува американскиот претседател Доналд Трамп како ги убива своите политички противници и медиумите било прикажано за време на состанок на неговите поддржувачи.

New York Times пренесува дека видеото кое било објавено и на Твитер содржи сцена од акциската шпионска комедија Kingsman: The Secret Service во која е монтиран Трамп како убива во црква.

Меѓу неговите медиумски мети се CNN, Politico, BBC и Guardian, а од неговите политички противници „настрадаа“ Хилари Клинтон, починатиот сенатор Џон МекКејн, потоа Берни Сандерс, поранешниот американски претседател Барак Обама и други.

Уште од победата на изборите во 2016-та година, Трамп често ги напаѓаше медиумските куќи дека шират „лажни вести“ за него и ги нарекуваше „непријатели на народот“. Ова видео инаку е направено на про-Трамп YouTube канал кој има долга историја на компилациски видеа на 45-тиот американски претседател.

##https://twitter.com/WilliamTurton/status/1183550243306164226##

Видеото е направено во јули 2018-та година, но спорно е тоа што сега е објавено во одморалиште во Мајами каде што се обратил и синот на Доналд Трамп, Доналд Трамп Џуниор.

Еден од организаторите на собирот, Алекс Филипс се огради од видеото.

„За жал, ова не е прв пат неговите поддржувачи да промовираат насилство над медиумите во видеото кое очигледно го сметаат за забавно. Но, ова е далеку најлошо од сите“, соопштија од "CNN".



Спонзорирани линкови

Маркетинг