Пропадна кога се дозна дека ја злоставувал актерката - а потоа и Џенифер проговори: Сакаше да го носам фустанот на неговата сопруга!

Точка

10/10/2019

22:00

7.191

Големина на фонт

а а а

Џенифер Анистон соработувала со озогласениот Харви Вајнстин, во 2005-та година, а сега, 14 години подоцна откри каква непријатност доживеала кога тој инсистирал таа да го носи фустанот на неговата сопруга.

Имено, Вајнстин по секоја цена сакал да ја види во креацијата на дизајнерката која го напуштила, откако се дознало кого сè малтретирал и злоставувал.

Толку бил упорен, што дури дошол во Лондон, каде што актерката имала снимање, само за да ја натера да го направи тоа што тој го сака.

„Точно се сеќавам кога Џорџина ја промовираше новата линија на облека. Тогаш Харви дојде во Лондон каде што снимав филм. Ми рече: „Сакам да носиш еден од тие фустани на премиерата на филмот. Мора да носиш!“, откила Џенифер и додала дека поради целата ситуација ѝ било многу непријатно, иако не доживеала ништо сериозно од негова страна, како некои други колешки.


Џенифер во таа прилика му дала до знаење дека тоа не е нејзин стил и дека нема потреба да инсистира. Меѓутоа, на непријатните ситуации им немало крај. За време на една вечера направил нешто многу лошо, на што и денес се сеќава.

„Седев на маса со продуценти и колеги од филмот, а друштво нѝ правеше еден мој пријател кој седеше покрај мене. Во еден момент се појави Вејнстин и му нареди на пријателот да се помести. Во тој момент си помислив колку е одвратно неговото однесување“, раскажала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг