Ова гратче во Тоскана ќе ве врати во минатото

Точка

10/10/2019

11:09

1.559

Големина на фонт

а а а

Сан Џимињано е место во Италија кое ја зачувало својата автентичност.

Тој е еден од италијанските градови кои го зачувале својот средновековен шарм, а истиот се наоѓа на висорамнина која ја опкружуваат тосканските вински полиња. 

Главната одлика на Сан Џимињано се кулите кои некогаш биле 72, а денес се останати само 14. Кулите се градени поради натпревар на моќните граѓани – колку била кулата повисока, толку било поголемо богатството на градителот.


Некои кули се отворени за посетителите, па туристите имаат можност да уживаат во пределите кои се простираат помеѓу Фиренца и Сиена.

Гратчето кое од 1990 година се наоѓа на листата на УНЕСКО на светски културни наследства ви пружа можност да зачекорите во минатото, шетајќи по уличките кои се опкружени со камени градби или додека купувате на пазарите кои со векови се наоѓаат на истото место.

Во Сан Џимињано можат да се најдат продавници за сирење и винарии, каде туристите можат да купат познати вина кои потекнуваат од Тоскана.


Посетителите на ова уникатно место не би требало да ја пропуштат приликата да го пробаат италијанскиот леден десерт во некои од бројните слаткарници. Сан Џимињано е познат по џелатото, вид на сладолед, а со години наназад се води “војна” која од слаткарниците, кои се наоѓаат една во близина на друга, е најдобра слаткарница на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг