Маж отишол на клиника со пинцета од 4 сантиметри во мочниот канал: Се прашувате како стигнала дотаму?

Точка

09/10/2019

19:50

2.451

Големина на фонт

а а а

20-годишен пациент од Саудиска Арабија, кој не е именуван од логични причини, четири години пред да отиде на лекар ставил пинцета во мочниот канал.

Тврдел дека не трпел никакви болки, па со самото тоа немал проблем со предметот во телото, а дури кога почнале да се појавуваат, одлучил да појде на лекар.

Лекарите биле шокирани кога виделе дека во неговиот мочен канал всушност има пинцета, а според нивните зборови, тоа дури не е прв случај.

Имено, некои мажи уживаат во ставање предмети во својот пенис додека мастурбираат, а тоа во пракса има и свое име - сондирање.

Освен тоа што ставањето предмети во пенисот сексуално ги задоволува, лекарите истакнуваат дека во прашање се мажи со психички проблеми. Поради чувството на срам, често бараат помош дури тогаш кога ќе се појават проблеми. Во овој случај, пациентот рекол дека немал никакви болки кога мокрел и утврдено е дека е во добра здравствена состојба.

Операцијата сепак била повеќе од потребна. Лекарите вршеле притисок на двете страни на пенисот за да ја задржат пинцетата од 4 сантиметри затворена и да ја извадат надвор без да се оштети некој дел од органот.

„Пациентот добро се чувствува и препорачано му е да се јави на психијатар. Тој за жал ја одби препораката“, напишале лекарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг