Се огласи Кајмакоски после жестоките напади од медиумите: „Ова е бескрајно безобразно и претерано извртување на вистината“

Точка

08/10/2019

21:01

13.130

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од вториот настап на Даниел Кајмакоски на ТЛЗП (твоето лице звучи познато), на која наводно го покажува симболот на Албанија, предизвика големо внимание во јавноста. Србите го осудија овој потег, а македонските медиуми без проблем се надоврзаа.

Кајмакоски после сите жестоки навреди и обвинувања од јавноста, се огласи на својот Фејсбук профил и од медиумите побара да ја објават вистината - односно она што во продолжение го напиша.

„Во оваа професија навикнав дека слики, изјави и ситуации може да се извадат од контекст, и не сум ни прв, ни последен чија репутација е нападната на толку грозен начин, но ова е бескрајно безобразно и претерано извртување на вистината. Безобразно е не само кон мене, туку и кон сите оние кои ќе се почувствуваат испровоцирани и навредени од оваа ситуација“, вели Кајмакоски.

Тој додава дека многу добро знае што значи тој знак и дека токму поради тоа никогаш не би го направил за да навреди некого, особено не Србија.

„Разочаран сум од овој напад врз мене. Секогаш сум се трудел да бидам коректен и професионален. Никогаш не би направил нешто за да навредам било кого, тоа едноставно не е во мојата природа“, објаснува пејачот.

„Пред втората емисија на ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“ во Белград, кога во шминкерницата се подготвував за женска улога, фотограф ме сликаше како ги покажувам налакираните нокти во огледало“, е објаснувањето на Даниел за спорната фотографија.

Сепак, голем дел од јавноста го поддржа и разбра Кајмакоски и го посоветува да продолжи напред без да обрнува внимание на ваквите сопки.

„Да си нѝ жив и здрав Даниел. И ти и Тамара и сите други македонски деца. Со злобата и поганата уста на човекот ќе се справиш само со насмевка и молитва“, „Ова е Балкан и сè е можно! Главата горе!“, „Зад добриот коњ прашина се крева... нема што да прават медиумите“, се само дел од коментарите под неговата објава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг