Zenvo TSR-S - „Секојдневен“ со 700 или 1177 коњски сили

Точка

08/10/2019

16:48

478

Големина на фонт

а а а

Зенво во превод значи нешто како данска манџа. Делува малку чудно и уште повеќе необјасниво како тоа таа „манџа“ од северот да биде толку забиберена и олутена? Тие немаат таков темперамент и сега се прашуваме од каде им толку лута „направа“.

Пред неколку години еден нивни сосед направи нешто слично и сè уште опстојува како таков, а неговото име е „кенигсег“, во превод кралското јајце. Зенво е нешто слично на него. Неодамна претставениот модел „тср – с“ ќе се прави само во пет примероци годишно. Некој ќе каже тоа го прават поради ексклузивитет. Точно, тука ексклузивитетот е пресуден, но има еден ситен детал кој не е присутен кај останатите од неговата класа или се претерано ретки.

Што е тоа толку посебно кај „зенво тср – ц“. Тоа е автомобил од ултра спортската класа чија шасија и севкупната конструкцијата се изработени од легиран челик и алуминиум, а школката во себе содржи исклучиво карбонски материјали, односно нивни комбинации, композити. Бидејќи конструкторите сакале да создадат автомобил кој ќе влече кон вистинските вредности на спортските купе автомобили со предзнак „супер“ и „ултра“, од пресудно значење им била тежината. Намалувањето на килограмите не одело само преку лесните материјали туку и ослободување од клима уредот, од електриката на стаклата, електриката на седиштата и останатите украси во внатрешноста. Тоа „с“ значи „стрит’ односно улица, уличен. Да појасниме. Изведбата „тср – с“ е сместена помеѓу нивниот гран туризмо автомобил „тс1 гт“ и тркачкиот „тср“. Практично имате тркачки автомобил само што има дозвола за возење на обичните улици.

Најголемата новост кај него е што задниот спојлер игра улога не само да го држи автомобилот при големи брзини на правците, туку и да ја намали центрифугалната сила. Затоа го нарекуваат центрипетално крило. Со тоа автомобилот има поголема стабилност во свиоците – центрипетално крило ја намалува центрифугалната сила која тежнее да го исфрли автомобилот надвор од свиокот, посебно задниот дел.

Повеќе можете да прочитате на АМСМ клуб мобилити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг