Маж го тужи Епл – тврди дека телефонот го претворил во хомосексуалец

Точка

05/10/2019

17:10

4.996

Големина на фонт

а а а

Маж во Русија поднел тужба против компанијата Епл бидејќи тврди дека станал хомосексуалец само поради телефонот.

Мажот чие име медиумите го наведуваат само како Д. Разумилов бара од компанијата еден милион рубљи (16.500 фунти) откако добил 69 “GayCoins”, криптовалута наместо биткоинот кој го порачал. Парите пристигнале со порака на англиски јазик која гласела “не судите пред да испробате”. Тој го направил она што му било кажано, пробал и сега е во врска, пренесува британскиот “Metro”. 

“Помислив – како можам да судам за нешто, а да не го пробам тоа?”, се наведува во неговата изјава во судските документи во која додал дека одлучил да се впушти во врска со личност од истиот пол.


“Одлучив да испробам врска со маж. По два месеци можам да кажам дека сум во врска со припадник на истиот пол и не можам да излезам од неа. Имам постојано момче и не знам како да им го објаснам тоа на родителите”, навел Разумилов.

“Откако ја примив пораката, мојот живот се промени и повеќе никогаш нема да биде нормален”.

Мажот сега го тужи Епл бидејќи “манипулативно го турнал кон хомосексуалност” откако му ја испратил пораката и одлучил да ја тужи компанијата поради “морално страдање и уништување на менталното здравје”.

Неговата адвокатка Сапизат Гусниева изјавила дека тужбата е сериозна и дека рочиштето е закажано за 17-ти октомври во Москва.