Нова повреда: Зидан остана без опции на левата бековска позиција

Дерби

04/10/2019

14:53

992

Големина на фонт

а а а

Екипата на Реал Мадрид овој викенд има соочување со напријатното изненадување во оваа сезона во Примера, составот на Гранада, меч за кој со проблеми се соочува Зинедин Зидан.

Францускиот стратег остана без опции на левата бековска позиција по новата повреда со која се здоби искусниот бразилски интернационалец Марсело. Тој одново има проблеми со вратот, повреда поради која ги пропушти дуелите со ПСЖ, Севиља, Осасуна и Атлетико Мадрид.

Марсело пред неколку дена се врати на терените и беше активен во второто полувреме во пресметката со Клуб Бриж во ЛШ, меѓутоа сега одново ќе мора да направи пауза.

Со оглед на тоа што во„аут“ се Ферлан Менди и Начо тоа значи дека Зидан ќе мора да пронајде ново решение на позицијата лев бек.