Мартин Кион „удри“ по новото засилување на Арсенал: Не му дава место на Сака, во Лил ќе се смеат кога ќе си ја погледнат банкарската сметка

Дерби

04/10/2019

10:45

1.645

Големина на фонт

а а а

Арсенал за 80 милиони евра ова лето го донесе Николас Пепе кој стана рекордно засилување за „топчиите“.

Сепак репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска барем на стартот на сезоната не прикажува ништо, а поради тоа беше нападнат од поранешната легенда на Арсенал, Мартин Кион.

– Ако се навратите наназад со Арсен Венгер, тој никогаш немаше да го блокира патот на млад играч, но сега во Арсенал се во опасност да го сторат тоа со Букајо Сака. Тоа е поради Пепе. Пепе, дали тој треба да е во тимот? Платија огромни пари за него, а во Лил ќе се смеат кога ќе ја видат нивната банкарска сметка и неговите настапи. Се уште е рано и можеби играчот ќе има пресврт во кариерата, но засега не видовме тоа што го очекувавме од него, - изјави Кион.