Хаос во мигрантски камп во Грција: Пожар, судири со полицијата и загинати!

Точка

30/09/2019

08:31

2.429

Големина на фонт

а а а

Најмалку еден мигрант го загуби животот откако вчера изби пожар во пренатрупаниот бегалски камп во Мориа на грчкиот остров Лезбосл, каде што потоа избил и бунт.

Мигрантите се побуниле порад задоцнетото доаѓање на пожарникарските екипи, открил еден Авганистанец за новинската агенција „Франс Прес“.

„Пожарот изби во кампот. Огнот зафати шест, седум контејнери (во кои се сместени мигрантите). Ги повикавме пожарникарите, но дојдоа после 20 минути. Сите се разбеснаа“, изјави 15-годишниот Федуз.

„Помина долго време додека пожарот не беше изгаснат, околу половина час. Им помогнавме на луѓето кои што беа во контејнерите“, изјави тој.


Портпаролот на Доктори без граници, како и од локалната полиција изјавија дека едно лице го загубило животот.

После пожарот избиле нереди и судири со полицијата, по што грчките полицајци морале да употребат и солзавец за да се воспостави ред во кампот. Иако огнот кој што избил вчера бил изгаснат, нередите продолжиле, а мигрантите се пресметувале со полицијата.


Во кампот каде што поголем дел од мигрантите се сместени во транспортни контејнери се сместени околу 13 илјади луѓе, иако е предвидено да бидат сместени најмалку 3 илјади луѓе.

Во соседна Грција моментално се проценува дека има околу 70 илјади миграни, во најголем дел од Сирија, кои во 2015-та година преку Турција тргнаа кон западните земји од Европската унија.

Според договорот кој во 2016-та година го потпишаа Европската унија и Турција, турските власти беа обврзани да го стопираат мигрантскиот бран, но според последните извештаи, бројот на мигранти кои што преку Егејското море пристигнуваат на грчките острови се зголемува.