Признание за лудата одбрана: Кунг-фу Митревски е број еден во ЛШ

Дерби

30/09/2019

08:28

1.495

Големина на фонт

а а а

За разлика од првите две кола во кои имаше претставници на Вардар и Еурофарм Работник во идеалниот тим сега македонските клубови немаат ниту еден ракометар во одбраното друштво за третата рунда, но затоа пак имаат одбран член во една друга категорија на ЕХФ-Топ 5 одбрани.

Имено лудата интервенција на македонскиот репрезентативец, Николче Митревски против Бидосоа Ирун е прогласена за наjдобра, најтрактивна на колото. Тој при резултат 21-20 имаше навистина луда одбрана и сосема заслужено е број еден за изминатава седмица.

ОВДЕ можете да ја погледнете мајсторијата на голманот на Еурофарм Работник.