Ова не се очекуваше од Аргентинецот: Водителите разочарани од однесувањето на Меси

Точка

24/09/2019

15:41

1.356

Големина на фонт

а а а

Аргентинецот Лионел Меси синоќа беше прогласен за најдобар играч на светот за 2019-та година во изборот на ФИФА.

Церемонијата The Best вчера беше одржана во Милано, а наградата за најдобар играч на светот ја доби Лионел Меси кој победи во конкуренција на Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.

По завршувањето на церемонијата, Меси веднаш тргнал кон своето семејство кое го чекало за да се вратат во Барселона. Водителите во меѓувреме се обидоа да добијат изјава од Меси, но Аргентинецот ги игнорираше, а луѓето кои беа во негова придружба накратко порачаа само дека нема време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг