Да ве заболи срце: Илјадници нови "BMW" автомобили се распаѓаат на паркинг во Канада

Точка

24/09/2019

15:47

6.984

Големина на фонт

а а а

Во текот на последните четири години на аукциски плац во близина на Ванкувер се паркирани илјадници нови примероци на "BMW" и "MINI" - тие се оставени да се распаѓаат поради навистина „интересна“ причина.

Имено, во февруари 2015-та година пристаништето Халифакс било погодено од силно зимско невреме кое ја оневозможило испораката на споменатите возила предвидени за 2014-та и 2015-та моделна година.

Откако испораката на автомобилите, односно периодот на товарењето на автомобилите значително се продолжил, поради „продолжена изложеност на погубно влијание на солена вода“, од регулаторното телот на канадската влада наложиле задолжително повлекување на автомобилите.

На производителот очигледно не му се исплатило новите и неиспорачани возила да ги врати назад на проверка и пак да ги врати, па епилогот е познат, биле произведени и испорачани нови автомобили.


Канадската влада наложила примероците на "BMW" автомобили задолжително да се вратат на проверка поради „потенцијални проблеми со подмачкувањето на внатрешните компоненти на системот за управување кои можеби предолго биле изложени на влијание на вода и сол“.


Не пропуштајте: Неверојатна глетка: Долна Саксонија крие илјадници нови Мерцедеси кои не може да бидат продадени

Листата на целосно нови "BMW" автомобили ги опфаќа моделите од серијата 2, 3, 4, 5, 6 и 7, како и i3, X1 и Z4, додека пак кога станува збор за "MINI", на паркингот да се распаѓаат останале моделите Mini Cooper, Cooper кабриолет и купе, Mini Paceman и Mini Roadster.

Откако веста за „заборавените“ автомобили се прошири во Канада, се огласија од канадски "BMW".


„Не можеме да знаеме конкретно ништо за судбината на овие возила, односно не знаеме за кои автомобили станува збор без да ни бидат кажани "VIN" броевите, но судејќи според фотографиите, веројатно станува збор за автомобилите од случајот Халифакс“.

Повлекувањето на автомобилите се сметало за потребно поради предолгата изложеност на автомобилите на солена вода во текот на 2015-та година. Од таа причина сите возила се повлечени, а купувачите добиле нови примероци во најран можен рок.

Ова веројатно значи дека за производителите е поевтино да произведат нов автомобил, отколку да платат транспорт и да извршат поправка на автомобилите кои што веројатно не ни имале некаков сериозен дефект.