Џентлменска изјава на Ван Дајк откако Меси го освои признанието „The Best“

Дерби

24/09/2019

12:02

2.082

Големина на фонт

а а а

Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк беше во најтесна конкуренција за освојување на признанието за најдобар светски играч за 2019 година.

Сепак на крајот тоа замина во рацете на Лионел Меси кој освои повеќе гласови, а по доделувањето на наградата со свој коментар се јави и Ван Дајк.

– Луѓето кои гласаа ја донесоа таа одлука, а јас ја прифаќам. Не можете да не споредите со Меси затоа што како фудбалери сме тотално поинакви. Многу сум горд на себе зошто се најдов овде. Разочаран? Не, зошто би бил разочаран, - изјави Ван Дајк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг