Меси со искрена изјава за својата физичка состојба: Се чувствувам уморен и потежок од обично

Дерби

24/09/2019

12:01

1.892

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси се претвори во главна ѕвезда на свечената церемонија во Милано, откако во Ла Скала театарот беше избран за најдобар играч во светот од страна на ФИФА.

Ѕвездата на Барселона за првпат ја прими наградата „The Best“ која стана актуелна откако ФИФА се издвои од „Златната топка“, а покрај тоа што беше горд на своето ново големо индивидуално достигнување, Аргентинецот не можеше да ги избегне и прашањата поврзани за почетната мини криза со која се соочува Барселона.

Каталонскиот гигант бележи лоши резултати на стартот на сезоната, а иако Меси ги смирува работите, признава дека него посебно му недостасуваат натпревари бидејќи во овој момент е далеку од посакуваната форма.

– Предолг период бев надвор од терените. Повеќе од два месеци, речиси три. Се чувствувам уморен и потежок од обично, ми недостасува свежина и ритам. Сигурен сум дека ќе се вратам најбрзо што можам, со секој следен меч ќе биде подобро. Сепак, мораше да бидам трпелив, многу ме советуваа за можно обновување на повредата и не смееше да ризикувам, – истакна Меси и додаде.

– Сезоната ја започнавме лошо, не можеме да се пронајдеме. Тешко создаваме шанси, а со ништо ни прават проблеми. Сепак, ова е само старт и мора брзо да реагираме. Веќе нема време за фрлање, мора да се подобриме, и тоа многу. Свесни сме за тоа и цела група зборува за истото. Немам сомнеж дека ќе се подобриме и дека ќе заборавиме на ова, – заврши Аргентинецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг