Македонските гласови завршија кај Ливерпул, но и тоа не му помогна на Ван Дајк

Дерби

24/09/2019

08:57

1.151

Големина на фонт

а а а

ФИФА го избра Лионел Меси за најдобар светски фудбалер за 2019 година, а веднаш потоа ги објави и гласовите на капитените, селекторите и претставниците на медиумите од сите свои членки.

Токму нивните гласови одлучија кој ќе биде најдобар, односно веројатно малку изненадувачки, му дадоа предност на Меси во однос на првиот фаворит Вирџил ван Дајк.

Горан Пандев и Игор Ангеловски како македонски претставници комплетно ги доделија гласовите за претставници на европскиот првак Ливерпул, но сепак нивните фаворити останаа без признанието.

Пандев и Ангеловски гласале идентично, односно најмногу поени му доделиле на Ван Дајк, а преостанатите на Садио Мане и Мо Салах. Ван Дајк на крај го освои второто место, додека Салах и Мане се најдоа само на четвртата и петтата позиција.

Мали отстапки има кај колегата Мијалче Дургутов, кој како новинар гласал за Салах кој добил најмногу поени, а потоа за Меси и Ван Дајк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг