Аргентинецот го доби престижното признание на ФИФА: Меси е најдобриот играч на светот за оваа година

Дерби

24/09/2019

08:45

1.045

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси е избран за најдобар играч на светот за 2019 година.

Меси ја доби престижната награда на ФИФА, така наречена „The Best“ за првпат во својата кариера. Тој ги остави зад себе Вирџил Ван Дајк од Ливерпул за кого многумина сметаа дека ќе го добие ова признание како и Кристијано Роналдо од Јувентус.

Претходно оваа награда ја освојуваа Роналдо (2) и Лука Модриќ.

За најдобра фудбалерка на светот беше прогласена Американката, Меган Рапино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг