Популарниот руски доктор открива зошто тие се здрави како дрен - „Бебињата ги капат на 18 степени, ако ги фати грип одат боси по ладна вода“

Точка

19/09/2019

11:10

2.920

Големина на фонт

а а а

Познатиот руски специјалист за кинезитерапија, проф. д-р Сергеј Бубновскиј ја препорачува едноставната метода за зајакнување на имунолошкиот систем - тапкање со стапалата во ладна вода.

Ладната вода и ладниот туш имаат поразлична традиција во многу култури, а особено во Русија и тоа со добра причина - даваат многубројни здравствени предности.

„Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорен ден, наполнете ја кадата или пак некој подлабок сад со целосно ладна вода. Никако не додавајте топла вода. Потоа влезете боси во кадата и тапкајте со стапалата само 15 секунди и обидете се за тоа време да направите 48 брзи кратки чекори. Потоа излезете од кадата и избришете ги стапалата со пешкир па облечете волнени чорапи. Правете го тоа секоја вечер и така ќе го зајакнете вашиот имунитет. Доколку имате грип тогаш тапкајте боси со нозете по замрзната вода на секои четири часа“ - објаснува д-р Бубновскиј.


Настинката ја лечат со ладна вода

Дека ладната вода има бројни здравствени предности и дека Русите често ги користат нејзините благодети ни потврдува и д-р Наталиа Гушло Петриќ, анестезиолог и терапевт, жена која пораснала во Русија.

„Во времето на Советскиот Сојуз државна задача беше дека советските деца мора да бидат најздрави на свет. Затоа тогаш се појавија многу училишта кои развиваа методи кои би помогнале да се исполни таа задача. Мојата мајка, која заврши медицина пред 60 години и на која ѝ предавал проф. Тур, ја застапувал тезата дека детето откако ќе се роди мора да се челичи. Дека никогаш не треба да се загрева собата во која детето спие и во која се капи. Па така мене мајка ми ме капеше во соба во која температурата никогаш не преминуваше повеќе од 18 степени. Од три години одев на базен иако надвор беше -30 степени. Не ми пречеше ветрот ниту пак ладното време“ - раскажува докторката.


Кажете му “да“ на ладниот туш наутро

Ладниот туш не е само активност за ексцентричните руски авантуристи, покажуваат модерните судии кои нагласуваат дека предностите на туширањето со ладна вода е добро за организмот. Една холандска студија покажала дека луѓето кои наутро се капат со ладна вода помалку се разболуваат и дека поретко отсуствуваат од работа. Тие имаат повеќе енергија во однос на оние кои се тушираат со топла вода.





Спонзорирани линкови

Маркетинг