Иран со порака до Американците: Директно ќе одговориме на секаков напад, и тоа не само на неговиот извор!

Точка

18/09/2019

13:53

1.855

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата на Блискиот исток е пред опасна ескалација, откако минатата сабота беа нападнати нафтени постројки во Саудиска Арабија.

Одговорноста за нападот на нафтените постројки во Саудиска Арабија, кои го преполовија производството на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ за 50% и предизвикаа голем скок на цената на нафтата ја презедоа јеменските Хути бунтовници.

Сепак, поради блиските односи на Иран со Хути бунтовниците, Саудиска Арабија и нивните сојузници го вперија прстот во Техеран, од каде што ги отфрлаат обвинувањата.


Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД се подготвени и воено да реагираат, а истакнати сенатори се уверени дека зад нападот стои Иран, нагласувајќи дека тоа е воен чин на кој што треба да се одговори со напади на иранските рафинерии.


Не пропуштајте: Американците уверени дека Иран стои зад нападите во Саудиска Арабија: Следува напад на иранските рафинерии со нафта?

После бројните обвинувања, но и најави за воена одмазда, се огласија и иранските власти од каде што порачаа дека иранскиот одговор на евентуалниот напад нема да биде „ограничен на неговиот извор“.


Токму тоа е пораката која што од официјален Техеран преку официјалната дипломатска нота ја испратија до Вашингтон преку швајцарската амбасада.

Иранците повториле дека немаат никаква врска со нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија и нагласиле дека секој чекор на Соединетите Американски Држави против Иран ќе добие директна реакција.