Американците уверени дека Иран стои зад нападите во Саудиска Арабија: Следува напад на иранските рафинерии со нафта?

Точка

18/09/2019

10:07

2.088

Големина на фонт

а а а

Истакнат сенатор смета дека „умерениот одговор“ на Трамп на иранското соборување на американскиот дрон во јуни „иранскиот режим очигледно го сфатил како знак на слабост“.

Линдзи Грејем, американски сенатор близок до претседателот Доналд Трамп нападите на саудиските нафтени постројки ги нарече „воен чин“, истакнувајќи дека учеството на Иран во нападите не е доведено под знак прашалник. Според Грејем, очигледно е дека таков софистициран напад не може да се изведе без благослов и директно учество на Иран.

„Тоа е воен чин во вистинска смисла на зборот“, додаде Грејем во соопштението објавено после средбата на потпретседателот Мајк Пенс со републисканските сенатори. Сенаторот кој е близок до Трамп повика на „обнова на системот за одвраќање од иранска агресија“.


Грејем, еден од таканаречените „јастреби“ од најблиското опкружување на Трамп, смета дека умерениот одговор на претседателот после рушењето на американскиот дрон од иранската Револуционерна гарда над Хормушкиот теснец, очигледно властите од Техеран го сфатиле како знак на слабост.


Не пропуштајте: Светско лицемерие: Ако убиеш илјадници деца нема проблем, но ако им ја нападнеш нафтата...


Тој непосредно после нападите на саудиските нафтени постројки кои го намалија производството на сирова нафта на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ за 50%, порача дека Вашингтон треба да размислува за напад на иранските рафинерии со нафта со што би се пресметал со „режимот“.

И други републикански сенатори како Марко Рубио, изјавија дека се сигурни дека Иран стои зад нападите, за кои инаку одговорност превзедоа јеменските Хути бунтовници.