Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Макфакс

17/09/2019

21:17

4.601

Големина на фонт

а а а

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев, стигнавме и до втората, овој пат драматична од 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) над домаќинот Словенија.

Во првиот сет момците започнаа фантастично, поведувајќи со 5:1, пред домаќините да се вратат во игра, но предноста беше направена. Вториот сет беше уште подраматичен, откако го добивме со 30:28, по што следуваше падот во формата и дозволивме Словенија да го освои третиот сет.

Во четвртиот сет, Словенците беа подобри на почетокот и имаа две сет-топки, пред во фантастичен пресврт да ги добиеме и со 26:24 да ја запечатиме победата со која ги задржуваме шансите за пласман во осминафиналето и можеме само да жалиме за пропуштените шанси за победа над Финците, а и против Турците.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

ГРУПА Ц 

Македонија – Словенија 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) 

Турција – Белорусија 20.30 ч. 

Табела: 1.Русија 12, 2.Словенија 9, 3.Македонија 6, 4.Финска 4, 5.Турција 3, 6.Белорусија 2



Спонзорирани линкови

Маркетинг