Американката Сара Томас (37) стана првата личност која го преплива Ла Манш кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција, четирипати без престан.
Томас епскиот предизвик го започнала во раните утрински часови во неделата, а го завршила за нешто повеќе од 54 часа во Довер.
Доверскиот премин е најдолгиот дел од каналот кој е широк 34 километри.
Пливачката на ултрамаратонот на отворено која минатата година се излечила од рак на дојка својот успех го посветила на луѓето кои ја победиле таа опасна болест.
Само три пливачи претходно успеале да го препливаат Англискиот канал трипати без прекин.
Официјалниот набљудувач Кевин Марфи изјавил дека Томас на овој начин ги проверила границите на нејзината издржливост.
„Прекрасно е, апсолутно импресивно. На крајот сите бевме многу емотивни“ - изјавил Марфи.
Американката првпат го препливала Ла Манш во 2012-та година, а потоа во 2016-та. Во саботата пред да го започне својот подвиг таа на Фејсбук напишала дека стравот ѝ е предизвик.
„На ова чекав подолго од две години и силно се борев за тоа. Дали сум сто проценти подготвена? Не. Но, јас сум најдобра моментално“ - напишала Томас.















