Дури сега можат вистински да се видат страшните размери на еден од најсилните урагани во историјата: Исчезнати се над 2,500 луѓе!

Точка

12/09/2019

08:27

4.700

Големина на фонт

а а а

Околу 2,500 луѓе се наоѓаат на листата на исчезнати, откако разорниот ураган „Доријан“ од 5-та категодија со целата своја сила удри на Бахами.

Како што соопштија властите на оваа островска држава, над 2,500 луѓе се водат како исчезнати после налетот на ураганот „Доријан“, со напомена дека можно е на таа листа да се најдат и луѓе кои што спас пред ураганот нашле во некое од засолништата на архипелагот.

„Таа листа се уште не сме ја споредиле со владините податоци за тоа кој заминал во засолништата, а кои луѓе се евакуирани. Процесирањето на базата на податоци е во тек“, изјави Карл Смит, шефот на тамошната национална агенција за вондредни состојби.


Се проценува дека илјадници луѓе се уште се наоѓаат во засолништата на разни острови, а моментално се располага со официјален податок од 50 загинати во ураганот кој ги погоди Бахами на 1-ви септември.


Не пропуштајте: Апокалиптични сцени на Бахами: Ураганот „Доријан“ целосно го уништи рајскиот архипелаг, разурнати се илјадници куќи и згради


Ураганот „Доријан“ практично го разнесе атлантскиот архипелаг во текот на една седмица колку што траеше на Бахами. Станува збор за еден од најмоќните урагани во историјата на мерењето, кој донесе ветрови со брзина поголема од 300 километри на час.

Инаку, комерцијалните летови во Абако, едно од најпогодените подрачја се очекува да бидат воспоставени до среда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг