Апокалиптични сцени на Бахами: Ураганот „Доријан“ целосно го уништи рајскиот архипелаг, разурнати се илјадници куќи и згради

Точка

04/09/2019

17:12

3.179

Големина на фонт

а а а

Ураганот „Доријан“ кој се движи кон Флорида однесе најмалку седум животи на Бахами, а се очекува бројот на загинати да порасне затоа што спасувачките екипи сè уште не стигнале до најпогодените места каде што луѓето се затрупани под рушевините и одроните.

Премиерот на Бахами, Хуберт Минис откри дека бројката на загинати се зголемила од пет на седум откако две лица им подлегнале на повредите: „Можеме да очекуваме уште загинати, ова е само прелиминарна информација“.

Островите Абакос и Гранд Бахама од вторникот се отсечени од светот. На тие острови, според проценките на Црвениот крст, околу 13 илјади домови се уништени или оштетени, а Обединетите нации проценуваат дека на над 61 илјади луѓе им е потребна итна хуманитарна помош.


Страшните последици од ураганот се снимени од воздух, а сцените се навистина шокантни - на фотографиите може да се види целосно опустошеното подрачје.

„Доријан“, ураган кој сега има намален интензитет (од категорија 5, опадна на 2), во текот на викендот ги опустоши Бахами со рекордни налети на ветер од неверојатни 300-320 километри на час.


Ураганот сега се движи кон брегот на Соединетите Американски Држави, поточно кон американската сојузна држава Флорида. Според метеоролозите, во следните 36 часа ќе помине низ подрачје на кое што на околу милион луѓе им е наложена евакуација.


Повеќе фотографии можете да погледнете во приложената галерија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг