По грешка добиле 120.000 долари и речиси сè потрошиле, а потоа завршиле на суд

Точка

11/09/2019

09:01

2.390

Големина на фонт

а а а

Брачниот пар Роберт и Тифани Вилијамс од Харизбург, во американската држава Пенсилванија обвинети се за кражба откако потрошиле над десеттина илјади долари кои нивната банка по грешка им ги префрлила на сметка.

Во судските документи се наведува дека брачниот пар Вилијам по грешка примил 120.000 долари и дека целата сума пари ја потрошиле.

Полицијата соопштила дека парот има повеќе од 100.000 долари одобрени средства кои биле надминати. Во документите исто така се истакнува дека двајцата обвинети признале дека знаеле дека парите не се нивни.


Двајцата се обвинети за кражба и преземање на украдени средства. Ослободени биле со кауција.

Парите набрзо биле преземени од сметката на семејството Вилијамс и биле префрлени на точната трансакциска сметка, фирма за инвестиции.

Меѓутоа, кога грешката била воочена парот веќе потрошил околу 107.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг