Погба е пред нов договор со „ѓаволите“, Реал Мадрид ја идентификува новата трансфер мета

Дерби

10/09/2019

21:30

2.184

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека Реал Мадрид веќе ги бара алтернативите за нов фудбалер во средниот ред доколку не успеат да го ангажираат Пол Погба.

Изминатава недела во јавноста проструи информација дека Јунајтед е подготвен да понуди нов договор на францускиот фудбалер со кој ќе го направи еден од најскапо платените светски фудбалери.

Токму затоа од „кралскиот клуб“ планираат да стапат во контакт со претставниците на Кристијан Ериксен кој ќе биде слободен агент во 2020 година кога ќе му истече неговиот договор со Тотенхем.

Реал во јануари ќе се обиде да го ангажира Данецот, а доколку Тотенхем не се согласи ќе одат на втората опција по која ќе може да го договорат играчот кој би се преселил на „Бернабеу“ во јуни 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг