Откритие кое ја шокираше Москва: Американски шпион со години бил во близина на Путин!

Точка

10/09/2019

20:36

7.934

Големина на фонт

а а а

Во непосредна близина на рускиот претседател Владимир Путин неколку години бил агент на најголемата американска разузнавачка служба ЦИА.

Работел во руската амбасада во САД, каде што најверојатно бил врбуван, за потоа да работи во администрацијата на Путин. Американците во 2017-та година, стравувајќи да не биде откриен од Русите, заедно со неговото семејство - сопругата која работела во руската влада и трите деца, преку Црна Гора го „повлекле“ во САД.

Тој таен агент на ЦИА, како што пренесуваат американските и руските медиуми, најверојатно е Олег Смоленков. Тој имал статус „државен советник од трет ранг“.

Најинтересниот дел од оваа „шпионска сага“ која потсетува на надмудрувањето на Американците и Русите за време на Студената војна е тоа што, виновникот за повлекувањето на еден од најкорисните шпиони на ЦИА од најблиското опкружување на Путин е американскиот претседател Доналд Трамп.


Имено, Трамп во разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се пофалил со супертајна информација која што Американците ја добиле од својот супертаен агент. Русите биле изненадени од тоа што Американците ја знаат информации. „СиЕнЕн“ открива дека Трамп во разговорот споделил тајни информации за Исламската држава за кои што рекол дека ги добил од Израелците, но ЦИА, за секој случај, одлучила да го „евакуира“ својот доушник за да не падне во рацете на Русите.

Потоа, во јуни Олег Смоленков со својата сопруга и деца заминува во Црна Гора на летување. Таму им се губи секоја трага. Русите не креваат премногу бука, а Американците молчат. Црногорските власти најверојатно немале поим што се случува, а никој не го постави прашањето каде е високиот руски функционер кој имал пристап до работната маса на Путин во Кремљ.

Според информациите на „СиЕнЕн“, Смоленков на Американците им испраќал доверливи документи од бирото на Путин, а една од тие информаци била дека Русите „типуваат“ на Трамп на претседателските избори во 2016-та година и дека ги хакирале компјутерите на Демократската партија. Наводно тој испратил документ дека Путин лично дал таква наредба.


Смоленков и неговото семејство, според информациите на "NBC" е сместен недалеку од Вашингтон. „Московски Комерсант“ открива дека Смоленков во 2018-та година во градот Стафорд во Вирџинија купил куќа од 760 квадратни метри вредна 925 илјади долари. Тогаш дури и била објавена фотографија од имотот, но денес неговата куќа е под заштита.

Доналд Трамп тврди дека за ова не знаел ништо, додека пак Русите тврдат дека станува збор за лажни вести.

Како и да е, Олег Смоленков работел во близина на Путин, имал пристап до тајни информации и потоа ненадејно со своето семејство исчезна и се појави во САД, без притоа за тоа некој да направи скандал. Очигледно е дека тука има нешто, но за американски ЦИА и руски ФСБ информациите можат да бидат прилично незгодни.

Сепак, најбизарно од се е тоа што Трамп несмасно го открил највредниот агент кој Американците го имале на така висока функција во ѕидните на Кремљ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг