Рамос отворено на тема Реал и Погба: Тој е одличен играч, клубот секогаш…

Дерби

10/09/2019

10:53

1.185

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во текот на целиот летен трансфер период се поврзуваше со преселба во Реал Мадрид, но до договор не дојде или поточно засега Французинот останува на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа искуството покажува дека кога клуб како Реал ќе „заокружи“ одреден играч тој дефинитивно се враќа по него, односно ќе направи нови обиди да го донесе во своите редови. Дали тоа ќе биде така и дали „кралевите“ ќе успеат во таа мисија ќе покаже времето, но она што е јасно е дека Пол има отвoрени врати за тоа и без проблеми ќе биде прифатен во соблекувалната.

Ова лесно може да се заклучи од изјавата на капитенот Серхио Рамос кој искрено проговори на оваа тема:

- Мислам дека Реал секогаш ги отвара вратите за добри играчи како него. За мене Погба е еден од одличните играчи. Тој е разичен ј ја потврди вредноста во Јувентус и сега во Манчестер Јунајтед. Мислам дека носи баланс во тимот, има добро офанзивно влијание и има неверојатна фигура, - истакна стоперот на шпанскиот гигант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг