Законот за спречување на брегзит во Домот на лордовите

Макфакс

06/09/2019

09:58

876

Големина на фонт

а а а

Законот за спречување на брегзит, што завчера го усвоија пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, денеска ќе се најде во дневниот ред и на Горниот дом, Домот на лордовите.

Долниот дом се согласи дека во понеделник ќе ги разгледа и амнадманите на Домот на лордовите и дека владата има намера да го подготви законот да и биде претставен на кралицата.

Предложениот закон беше усвоен од пратениците во средата, со што тие му нанесоа огромен пораз на премиерот Борис Џонсон, јави Би-би-си.

Постојат тврдења дека приврзаниците на брегзит можат намерно да го одложат усвојувањето на законот за тој да не добие согласност од кралицата пред парламентот следната недела да се распушти.