Апасиев кон Мицкоски: На лидерската средба се разговараше за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората

Макфакс

02/07/2026

09:11

136

Големина на фонт

а а а

Димитар Апасиев истакнува дека на последната лидерска средба се разговарало за воведување на една изборна единица, а не за електронското гласање на дијаспората, кое сега стана главна точка во преговорите за Изборниот законик.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи потсети дека на лидерската средба тема била воведувањето на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое сега, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик:

„Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората!? Кај испари тој муабет или важи само за мачкање очи пред камери?”