Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови велат од СДСМ

Макфакс

02/07/2026

09:10

129

Големина на фонт

а а а

СДСМ обвинува дека Христијан Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада сака да воведе автократски изборен систем кој дозволува масовна крадажба на гласови, особено преку гласање на далечина без никаква контрола. Во текстот се изнесуваат сериозни критики за неговиот политички ангажман и врски со Србија и Орбан.

„По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки список, Мицкоски сака да има апсолутна можност за кражба преку гласање на далечина“, велат од СДСМ.

„Зборуваме за ВМРО, партијата која знаеме како ги местеше изборите во времето на Груевски. Сега неговиот најдобар ученик сака да го унапреди системот на својот ментор.

Граѓаните се сеќаваат дека во декември беше покрената истрага во Америка поради кражба на гласови. Истрагата покажа дека серверите кои учествувале во кражбата биле во сопственост на српска фирма и бизнисмени блиски до Вучиќ и СНС.

Сите знаеме за односите меѓу Вучиќ и Мицкоски, за нивната „братска“ врска и сестринските партии. Знаеме за користење на истата бот-платформа и фарми на тролови за влијание на социјалните мрежи.

Знаеме и за 40 отсто од медиумите во Македонија кои се во сопственост на нивниот „голем брат“ Орбан, а во служба на ВМРО и Мицкоски.

Знаеме и за Латас, кој е главниот човек за медиуми и уредувачка политика во име на Мицкоски.

Знаеме и за најновите желби и упорност на Мицкоски да ги протурка дата- центрите во Македонија, иако се на штета на екологијата и со ненормална потрошувачка на струја која може да доведе до проблеми со снабдувањето на домаќинствата.

Знаеме и кој се занимава со увоз на струја со својот бизнис партнер од Србија, почесниот конзул.

Сега сè е познато. И прашањето е јасно:

Дали овие се доволни причини СДСМ да не дозволи ваквиот закон да помине?

Мицкоски може да најавува повлекување, но на сите им е јасно дека човекот нема таква идеја. Како што ги укина потпретседателите во ВМРО, така управува и во Владата. Целосен авторитаризам, на кој му е потребно и гласање на копче. За неговиот лагоден живот и луксуз му е неопходна власта. Само додека е на власт може да оди и на море, без да го болат колената“, се наведува во соопштението на СДСМ.