Не знаете каде на одмор? Постои совршено решение и за неодлучните!

Точка

03/09/2019

18:00

3.036

Големина на фонт

а а а

Доколку не можете да се одлучите каде да одите на одмор, може да побарате агенции во кои уплатувате патување, а каде точно ќе одите - ќе дознаете во последен момент.

За авантуристите кои сакаат неизвесност, ова е идеален начин на патување. Во нашиот случај, оние кои сакаат да искусат вакво нешто, мора прво да отпатуваат до градот во кој се наоѓаат овие агенции, но тоа е само уште една дестинација повеќе која ќе ја посетите.

Ваквите мистериозни патувања стануваат сè попопуларни, поради ниските цени, но и поради возбудата која е предизвикана од фактот дека никој не знае каде ќе лета или ќе плови.


Агенцијата „Weekender Breaks“ од Лондон нуди преку 40 дестинации ширум светот. Потребно е само да се пријавите за патување, но во “игра“ со, меѓу останатите, Њујорк, Дубаи, Лас Вегас, Бали, Ибица... Во цена од околу 100 евра, пресметан е и превозот и сместувањето.

Колкупати сте се восхитувале на прекрасните крузери кои пловат до пристаништата? Сигурно сте се запрашале каде сè биле и сте помислиле колку би било совршено да отидете на едно такво, несекојдневно патување.

Агенцијата „Fred Olsen“, нуди мистериозни крстарења од околу 1000 евра за патување од седум или повеќе денови.

Никогаш не знаете во кои сè води ќе запловите, но сигурно знаете дека самиот пат ќе ви биде неверојатно искуство.

„Sharings Mystery Breaks“ е уште една агенција која работи по принцип: „Вие кажете нѝ го датумот, ние бараме локација“. Доколку сакате отприлика да знаете каде ќе патувате, ќе ви кажат.


Но, за да не се уништи целосно шармот на таквото патување, агенцијата им открива на своите патници во која земја ќе одат, но не и во кои градови и кои знаменитости ќе ги посетат. Во оваа агенција цените на патувањата се формираат во однос на вашите барања.

Доколку сакате нешто поинакво, секако треба да ги побарате овие или слични агенции.