Голем пожар во близина на Велес: Чадот прави огромни проблеми

Точка

26/08/2019

16:02

3.258

Големина на фонт

а а а

Огромен пожар ја зафати боровата шума во близина на Велес, на патот кон езерото Младост. Огнот избувнал на пладне, а горат борови и сува трева.

Црниот чад од пожарот стигнува и до Велес а го отежнува и сообраќајот на автопатот на излезот од Велес кон Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека неколку противпожарни екипи се на терен, а од општина Велес упатиле апел за помош до Центарот за управување со кризи во гасењето да се вклучат и канадери. 


„Почитувани сограѓани,

Ве молиме во оваа тешка ситуација во која сите граѓани на Велес се соочени со губење на драгоцени природни ресурси на езерото Младост, да помогнеме со поттик и пораки до сите кои се стручни да обезбедат помош. Територијалната противпожарна единица започна акција веднаш по избувнувањето на пожарот и во моментов се користат сите расположиви средства за локализирање на пожарот. Градоначалникот Аце Коцевски е на лице место со стручните служби. Во акцијата се вклучи и АРМ со хеликоптери. Во гаснењето се вклучени и авиони – канадери. Ве молиме со вашите пораки и поддршка заеднички да помогнеме да се надмине оваа кризна ситуација.“ - Општина Велес.

Порталите пренесуваат и дека пожарот кај селото Отовица, во непосредна близина на езерото Младост кај Велес, излезе од контрола и дека огнената стихија го зафатила  и брод-ресторанот „Панини“ во езерото Младост.