Најпродаваниот кармин на светот доаѓа во оваа прекрасна нијанса и не постои жена која не го посакува

Точка

24/08/2019

13:42

3.316

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за трендовите во светот на шминката, еден се појави уште пред неколку години и сè уште владее...

Наспроти тоа што со години црвениот кармин важеше за производ кој секоја жена мора да го поседува во својот козметички несесер, тој полека но сигурно ја губи таа титула. 

Како што вели извештајот на шопинг платформата “Stylight”, дури 9 од 10-те најпродавани кармини во целиот свет во текот на оваа година се иста нијанса – станува збор за “nude” односно нијансата во боја на кожа.


“Nude” бојата односно боја која е приближен тон со вашата кожа, или во овој случај со усните, добро им прилега на сите и е многу практична со оглед на тоа што е соодветна за буквално секоја пригода која можете да ја замислите.

Но, мејкап артистите препорачуваат ваквите кармини да имаат мат текстура, за да бидат што е можно потранспарентни на лицето, а кога носите кармин во боја на кожа, можете слободно да си поигрувате со остатокот од шминката – бидејќи оваа неутрална нијанса се вклопува со сè.

Погледнете како славните дами и мејкап блогерките ја носат оваа боја:




Спонзорирани линкови

Маркетинг