Болсонаро го најде виновикот: Тоа го прават невладините организации

Точка

23/08/2019

14:18

2.229

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се соочува со обвинувања дека се откажал од заштитата на „белите дробови на Земјата“ со дозволување на сеча и палење на прашумата.

За пожарите кои што моментално ја пустошат најголемата прашума на светот која што произведува 20% од вкупниот кислород, тој одлучи вината да ја префрли на други, односно на невладини организации. Според него, тие намерно ги подметнуваат пожарите за да ја посрамотат неговата власт.

„Можеби пожарите во Амазонија се предизвикани од страна на невладините организации кои што ги загубиле своите пари. Имаат намера да направат проблеми во Бразил“, тврди Болсонаро.

Претходно бразилскиот претседател изјави дека припадници на тие организации со камери одат во шумите и подметнуваат пожари, по што ги снимаат. Кога новинарите го прашале дали има конкретни докази за неговите тврдења, или дали може да ги именува невладините организации, Болсонаро изјавил дека нема цврсти докази, но има такво чувство.


Во меѓувреме, во Бразил се случува вистинска катастрофа. Во јужноамериканската држава оваа година се забележани дури 72 илјади пожари што е зголемување на зачестеноста од неверојатни 84% во однос на истиот период минатата година. Повеќе од половина од пожарите се во Амазонија.

Според многумина, најмногу за тоа е виновна владата на Болсонаро која ги „олабави“ законите за сеча и палење на шумите со цел да се добе поголема обработлива површина или да се изградат ранчови за одгледување на стока.

Францускиот претседател Макрон и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изразија загриженост за бројот на пожарите во Амазонија, а Макрон порача дека пожарите претставуваат „меѓународна криза“.


Меѓутоа, за бразилскиот претседател Болсонаро тоа е отворено мешање за во бразилскиот суверенитет.

„Тие земји, кои што испраќаат овде пари, не го прават тоа од милосрдие. Тие испраќаат пари за да се мешаат во нашиот суверенитет“, изјави претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг