Советот за женско претприемништво од Општина Битола организираше средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со цел поддршка и охрабрување на жените претприемачи да ги развиваат своите способности и креативност во пријатна атмосфера.
Советот за женско претприемништво на Општина Битола денеска беше домаќин на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, придружувана од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменик градоначалничката Марина Крстиќ и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.
Целта на настанот, како што истакнаа на средбата е создавање заедница во која жените ќе се охрабруваат меѓусебно, ќе ги препознаваат можностите на новото време и ќе ја развиваат сопствената сила преку знаење, личен развој, соработка и меѓусебна поддршка.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера во објектот „NOYA“. Посетителите имаа можност да ја проследат и изложбата на внимателно избрани жени кои преку својот труд, креативност и посветеност создаваат вредности во нашата заедница. Малиот саем не беше само претставување на нивната работа, туку сведоштво дека зад секое дело стои истрајност, знаење и храброст. На настанот се испрати порака дека вреди да се учи, да се расте, да се остане достоинствен и дека вистинското лидерство започнува со грижа за човекот.








