Нина Ангеловска: “Понудата да бидам министер за финансии ја гледам како шанса да бидам предводник на промени во земјата”

Точка

23/08/2019

13:31

2.240

Големина на фонт

а а а

Вчера на седницата на Централниот одбор, СДСМ одлучуваше за неколкумина кандидати за нови министри и заменици министри.

По завршувањето на седницата, премиерот Зоран Заев најави дека ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Нина Ангеловска, која ѝ е позната на јавноста како еден од основачите и директор на компанијата “Групер”. Нина е добитник и на наградата “Forbes 30 Under 30”. 

По тој повод, Точка ја контактираше Ангеловска која изјави дека оваа понуда ја гледа како шанса да биде предводник на промени во земјата:

“По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска.

Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина.

Со прифаќање на овој голем предизвик, подготвена сум целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложам за најдобро вршење на оваа исклучително одговорна фукнција, носење на најдобрите информирани одлуки за нашата земја и граѓаните, брзо апсолвирање и одговорно делување.

Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија за граѓаните и ќе ги задржиме младите во државата. Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата. Конечно, ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните”, изјави Нина за Точка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг