Пропаднала продажбата на најстарото Порше поради забуна на водителот на аукцијата

Точка

22/08/2019

12:14

1.307

Големина на фонт

а а а

Најстарото преживеано "Porsche" и личен автомобил на Фердинанд Порше - Typ 64 од 1939-та година, минатата седмица се нашло на аукција во Монтереј, а прогнозата била дека ќе достигна цена од околу 20 милиони долари, што било и минималниот износ кој го очекувал продавачот.

Меѓутоа, ауцкијата веднаш, непланирано, почнала со 30 милиони долари. Водителот го објавил тој износ и тој се појавил на екранот зад него. Кратко потоа цената достигнала неверојатни 70 милиони долари. Присутните ги извадиле мобилните телефони и почнале да ја снимаат аукцијата на автомобилот, кој наскоро ќе стане најскапиот одел некогаш продаден на едно јавно наддавање. 

На крајот, се случило да снимаат една од најголемите бламажи во историјата на куќата RM Sotheby’s. Имено, се воспоставило дека водителот на аукцијата наводно започнал со 13, а не со 30 милиони, и дека цената достигнала 17, а не 70 милиони долари.

Водителот се правдал со својот акцент, односно изговор, кој ја предизвикал забуната околу цената, но на публиката ова не и се допаѓало, па многумина во негодување одлучиле да го напуштат просторот во кој се одржува аукцијата.

Со оглед на тоа дека реалната цена пред прекинот на аукцијата била 17 милиони долари, возилото останало непродадено.

Од друга страна, има и такви кои му го негираат тој статус на возилото, вклучувајќи го и човекот кој за RM Sotheby’s го прегледал возилото пред аукцијата.

Имено, споменатиот експерт рекол дека поради тоа што повеќето делови доаѓаат од Volkswagena, Fiat и разни други произведуачи, тој овој автомобил "технички" не го смета за "Porsche".




Спонзорирани линкови

Маркетинг