Рикардо: Мора многу да се подобриме догодина

КРУГ.МК

21/08/2019

16:48

138

Големина на фонт

а а а

Французите се вратија во Формула 1 како фабричка екипа во 2016 година и си поставија петгодишен план за враќање на победничките патеки, а лани беа во согласност со планот и на крајот на сезоната беа 4ти најдобар тим на гридот.

Планот велеше дека сезонава главна цел е да се намали заостатокот во однос на водечките тимови, за таа цел беше донесен и одличниот Даниел рикардо, но екипата во моментов е на 6то место кај конструкторите во неубедлива сезона за нив.

Нивниот австралиски возач изјави дека не жали што го напуштил неговиот поранешен тим, Ред Бул, екипа со која лани победи два пати на почетокот од сезоната и смета дека неговите очекувања согласно двогодишниот договор со тимот се исполнети.

„НЕ САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА СУМ ВО СОГЛАСНОСТ СО ОЧЕКУВАЊАТА ЗАТОА ШТО СЕКАКО ДЕКА СЕ НАДЕВАВ НА ПОВЕЌЕ, НО ЗНАЕВ ДЕКА НЕМА СЕ ДА СЕ СЛУЧИ ПРЕКУ НОЌ.

АКО ГИ АНАЛИЗИРАТЕ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО КАНАДА, ВЕРОЈАТНО ДЕКА БЕВ НАД НЕЧИИ ОЧЕКУВАЊА ЗА ПРВИТЕ НЕКОЛКУ ТРКИ, НО НА НЕКОИ ТРКИ, КАКО НА ПРИМЕР ВО АВСТРИЈА, БЕВ ПОД ОНА ШТО СЕ ОЧКУВАШЕ ОД МЕНЕ. СЕ ДВИЖИМЕ ОД ЕДЕН ДО ДРУГ КРАЈ ВО СРЕДИНАТА И ВО МОМЕНТОВ МИСЛАМ ДЕКА МОРАМЕ ДА СМЕ ПОДОБРИ АК ОСАКАМЕ ДА СТИГНЕМЕ ДО ПОДИУМИ СЛЕДНАТА ГОДИНА. МОРАМЕ ДА ПОЧНЕМЕ ПОГОЛЕМ НАПРЕДОК ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА.

ВО МОМЕНТОВ СУМ НА СРЕДИНА СО ОЧЕКУВАЊАТА, НО САКАМ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ДА ИМАМ ЧЕСТО ДА РЕЧЕМЕ ТОП 6 ПЛАСМАНИ“, ПОСАКА РИКАРДО.

Рено се надеваа дека новините кои ги донесоа во Франција ќе ги однесат далеку на врвот во средината на поредокот, но по Пол Рикар стигнаа само до 11 поени. Запрашан дали очекува РС19 шасијата да биде подобрена во текот на летото тој изјави:

„МИСЛАМ ДЕКА ДО КРАЈОТ ЌЕ ИМАМЕ УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПАКЕТ НОВИНИ ПО ЛЕТОТО И ДЕКА ТОА ЌЕ НЕ ПОДОБРИ ЗНАЧИТЕЛНО. ДОНЕСОВМЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ФРАНЦИЈА, НЕ БЕА ГОЛЕМИ, НО СЛЕДНИТЕ МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ НИ ДОНЕСАТ ПОВЕЌЕ ПЕРФОРМАНСИ.

СЕ НАДЕВАВ ДЕКА НОВИНИТЕ ЌЕ НЕ НАПРЕДНАТ ЗНАЧИТЕЛНО, НО ЈАСНО Е ДЕКА ЗА ТОА ТРЕБА ВРЕМЕ. АКО ОСТАНЕМЕ КАДЕ ШТО СМЕ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ТОА ЌЕ ЗНАЧИ ДЕКА СМЕ ПОД ОЧЕКУВАНОТО“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг