Џејми Оливер: Еве зошто пропаднаа моите ресторани

Точка

20/08/2019

10:40

8.803

Големина на фонт

а а а

Луѓето таа кобна 2016-та година поради економската неизвесност на Брегзит едноставно престанаа да излегуваат во ресторани, изјавил Џејми Оливер.

Тој така се обидел да ја објасни пропаста на своето деловно царство. 

Насловните страни на британските медиуми во последните месеци ги краселе бројни извештаи за пропаста на ланецот ресторани на Оливер, поради што без работа останале повеќе од 1.000 Британци.

Од 25 ресторани, колку што готвачот имал ширум Велика Британија, последните месеци затвориле дури 22.

Засега работат само уште три ресторани во непосредна близина на лондонскиот аеродром Гетвик, но и нивната судбина е многу неизвесна.

Почетокот на крајот на неговите ресторани започнал во 2016-та година, а Оливер ги преземал сите мерки во обид да ги спаси.

Инвестирал повеќе од 13 милиони фунти сопствени средства за да ги амортизира трошоците од работењето, но ни тој обид не вродил со саканите резултати, бидејќи компанијата за само една година изгубила повеќе од 29 милиони фунти.

Но, неговата судбина ја доживеале и други ланци ресторани во Обединетото Кралство.

"Поради економската и политичката неизвесност на Брегзит, се помалку луѓе излегуваат во ресторани, а и самите ресторани често се обидуваат да заштедат и да ги амортизираат загубите намалувајќи ги порциите или квалитетот на производите", вели за "Guardian" Сајмон Квирк, експерт за потрошувачки навики од советничката компанија Кантар.

Во март 2019-та година Британија имала 1.1 процент помалку групации на ресторани отколку во истиот период 2018-та година, што зборува во прилог на фактот дека дури шест групации годишно ставаат крај на своето работење поради лоши финансиски резултати.

Џејми Оливер својата светски призната кариера ја започнал кон крајот на 1990-тите како "Голиот готвач", а неговата нето вредност денес се проценува на 240 милиони фунти. И покрај неуспехот на ланецот ресторани, Оливер за својот профит може да им се заблагодари на популарните телевизиски емисии за готвење кои и натаму соборуваат рекорди на гледаност.

"Беше ова многу тешко искуство, но сеедно сум благодарен за лекциите кои бев принуден да ги научам", заклучил Оливер, додавајќи дека им се заблагодарува на своите верни работници на долгогодишната служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг